27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Спасовски: Мое Куманово е бастионот на #СДСМ!

Фејсбук статус на Оливер Спасовски, член на ЦО на СДСМ:

Мое Куманово е бастионот на #СДСМ!
Вечерва мои кумановки и кумановци, како СДСМ, повторно покажавме дека сме ЕДНО – движечка сила на напредокот!

Знае Куманово дека грижата за нашиот град никогаш не била посилна од сега – проектите зборуваат за кредибилноста на Владата и за поддршката која како Влада ја даваме за граѓаните на Куманово и таа ни во идниот период нема да изостане.

Нашиот соживот е непобедлив! И доколку некој тврди поразлично, се лаже себеси, се обидува да нѐ лаже и нас.

Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи… Ние сме Македонија во мало и горди сме на напредокот што го постигнавме.
Мене ми е чест што само во кумановскиот регион, од 2017 година наваму, како дел од Владата, но и кога ја предводев Владата, вложивме над 121 милион евра во патната и комуналната инфраструктура, обезбедивме финансиски средства и за индустриската зона Новини, создадовме можности за нови инвестиции.
Реконструирани училишта, нови 3 училишни спортски сали, отворен Младински центар, со одлука на Влада од 20 август 2022 издвоени се 120 милиони денари од државниот буџет за изградба на нов објект за средното училиште “Сами Фрашери” и за “Наце Буѓони”, за што како дел од Владата минатата година лично се заложив со моите колеги да го решиме и овој долгогодишен проблем на сограѓаните Албанци.
На вчерашната владина седница донесовме одлука за реконструкција на објектите на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“.

Вложуваме, затоа што Куманово заслужува. И така ќе продолжиме како Влада.

Трите проекти за Куманово коишто ги ветив – реконструкција на Спомен костурницата, обнова на Соколаната за реконструкција на спортската сала со финансии од државата, тоа го исполнуваме.
Куманово може да се пофали и со два реконструирани објекта на СВР Куманово, Полициската станица и Управните служби, по најсовремени стандарди за работа на полицијата и за поквалитетни услуги за граѓаните.
Граѓаните знаат кој работи за Куманово и кој носи напредок за Куманово!
Ви благодарам Куманово! Продолжуваме! Заедно претседателе Ковачевски, СДСМ Куманово, силни сме и одлучни сме, кон иднината!
Да живее СДСМ!
Да живее Куманово!
Да живее Република Северна Македонија!