27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Коциќ: Сите значајни одлуки за оваа држава ги има донесено влада на СДСМ

„Факт е дека сите значајни одлуки за оваа дрржаава изминативе години ги има донесено влада предводена од СДСМ – од самостојноста, влезот во Обединетите Нации, кандидатскиот статус за ЕУ, влезот во НАТО, признавањето на МПЦ, почнувањето на преговорите со ЕУ. Се е поврзано со СДСМ“ изјави пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека ниту една значајна одлука не е донесена од ВМРО-ДПМНЕ освен војни, заробена држава, крадење и злоупотреба на функции.

„Оваа година е историска за македонскиот јазик. За прв пат ‘Оче наш’ во Вселенската патријаршија се читаше на македонски јазик, се призна МПЦ и за прв пат во Европскиот парламент стоеше на кирилица македонски јазик, без додавки и преводи“ рече Коциќ.

Пратеникот од СДСМ рече дека ВМРО-ДПМНЕ сега нема доблест да признае дека манипулирале и да се извинат кога обвинувале дека со почнувањето на преговорите македонскиот јазик ќе стане западно-бугарски дијалект.