Деновиве врнежи од дожд ја зафатија Македонија, а УХМР најавува вакво време и во следните денови. Дождовите кои последниве денови ја погодија Македонија донесоа големи проблеми за жителите на некои градови низ земјава.
Изминатиот период поплавените улици и несовесните возачи се голем проблем за пешаците.
Прилично често се случува автомобилите да ги испрскаат пешаците удирајќи во дупките на улиците кои се претворени во вирови со вода.
Дождот создава големи вирови кои претставуваат „ноќен кошмар“ за секој кој минува на пешачки или на тротоар.
Иако Законот предвидува глоба од 35 евра за возачите кои нема да ја прилагодат брзината за да избегнат прскање на пешаците, многу пешаци и не се обидуваат да пријават во полиција дека се испрскани од несовесните возачи кои ги има се повеќе и повеќе во нашата држава.
*фотографијата е илустративна / архива на Centar.mk