СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ј.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „давање лажен исказ“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. На 16.12.2021 пријавениот побарал замена на возачка дозвола поради губење, дотраеност и оштетеност, за што своерачно поднел изјава дека возачката дозвола на негово име со важност до 10.07.2025 година ја изгубил, доставувајќи барање за нова возачка дозвола.
Од страна на МВР-Скопје, издадена му е нова возачка дозвола со впишана мерка ,,забрана“ за управување на моторни возила од ,,Б“ категорија во траење од 12 месеци. На 02.04.2022 од страна на полициски службеници на бул.„Трета македонска бригада“, бил сопрен со патничко возило заради контрола на патни документи, при што пријавениот ја приложил возачката дозвола која претходно ја пријавил за изгубена.