Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ова се неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично време поквалитетно.

Centar.mk направи список од празниците кои преостануваат оваа година:

Првиот неработен ден што доаѓа не е поврзан со новогодишните празници, но доборо е да се знае, тоа е 8 декември 2022 (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За оваа година граѓаните од католичка вероисповед неработен ден ќе биде 25 декември 2022 (недела), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на турската заедница неработен ден ќе биде и 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Додека во јануари 2023 за сите граѓани на Македонија ќе бидат следните денови:

01 јануари 2023 (недела), Нова Година, 02 јануари 2023 (понеделник) е неработен ден; 07 јануари 2023 (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар.

Додека за православните верници дополнителни неработни празници се и Бадник кој се паѓа во петок на шести јануари 2023, како и Богојавление Водици на 19 јануари 2023 во четврток. Уживајте во празниците!

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО КОЈА СИТЕ ЈА ОЧЕКУВААТ: Од недела значителен пад на температурите и дожд – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Нова трагедија на охридското крајбрежје – пронајдено тело на починат скопјанец

ДЕСК

Африм Гаши излезе од болница

C +