24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Срцев удар: Ова се првите симптоми

Иако се смета дека срцевиот удар се случува ненадејно, постојат многу предупредувачки знаци кои однапред укажуваат на оваа опасност по здравјето.

Истражувањето презентирано на годишниот состанок на Американското здружение за срце во Далас дава преглед на најчестите симптоми кои му претходат на срцев удар кај мажите.

Меѓу нив, идентификувани се 5 конкретни:

– болка во градите
– вртоглавица
– отежнато дишење
– палпитации
– несвестица

Истражувањето ги истакна вообичаените симптоми кои му претходеа на срцев удар кај 567 мажи, на возраст од 35 до 65 години.

Речиси 80% од симптомите се појавиле помеѓу четири недели и еден час пред срцевиот застој.

Од оние кои имале симптоми, 56% доживеале болка во градите, 13% отежнато дишење, 4% вртоглавица, несвестица или палпитации.

Истражувањето исто така покажа дека 53% имале симптоми пред срцев удар.

Сепак, истражувањето има некои важни ограничувања. Прво, наодите сугерираат дека секој средовечен маж со болка во градите или отежнато дишење може да има срцев удар, но тоа не е така.

Студијата, исто така, не ја зема предвид распространетоста на симптомите кај популацијата од интерес. На пример, од милион средовечни мажи, колку ќе доживеат болка во градите или отежнато дишење за еден месец? Дури и ако 50.000 мажи развијат симптоми, колку од нив ќе доживеат срцев удар? Се разбира, не сите 50.000.

И покрај тоа, она што сугерираат резултатите е дека е важно да се внимава на симптомите кои може да претходат на срцев удар и пред се секогаш да се консултира лекар во случај на сомнителни симптоми.