23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Велес: Антикризните мерки се видливи и даваат резултат

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Велес кажа дека многумина сè уште страдаат од висока инфлација, но дека насоката е добра и следната година ќе биде подобра.

„Штедиме и не се расфрламе со парите, но затоа има за се. Така работи Владата која ја предводам. Државната каса е на граѓаните, тие ја полнат, тоа се нивни пари и затоа се трошат за нив. И затоа имаме и за повисоки плати и пензии, за финансиска поддршка на граѓаните на кои што помош во вака тека свестка економска приза им е најпотребна, имаме за земјоделците, за самохраните родители, ранливите катогории граѓани, ние не забораваме и не изоставаме никого, рече Ковачевски.

Тој истакна дека резултатите од антикризните мерки се веќе видливи.

-Ја спасивме македонската економијата со два огромни пакети антикризни мерки вредни 760 милиони евра, најголеми според БДП во регионот, потврдено и од ММФ и од Светска банка. Само со вториот пакет речииси 200.000 граѓани добиваат поддршка која ќе продолжи и во следните месеци. Со дури 80% од субвенциите за струјата за сите домаќинства и за 72.000 мали потрошувачи, сметките на граѓаните се за пет пати помали. 365 основни, 109 средни училишта и здравствените установи добиваат поевтина струја. 518 субјекти директно се поддржани од Владата, за да имаме непречено одвивање на наставниот процес, учениците да имаат топли училници, а граѓаните непречено да ги добиваат здравствените услуги, потенцира претседателот на СДСМ.

Тој додаде дека со последната мерка на Владата е обезбедена поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи.

-Резултатите веќе се евидентни, одредени производители ја намалија цената на лебот, а цената на маслото за јадење на одредени произведувачи е намалена и за 40 денари. Очекувам во наредните денови до 10% намалување на цените на основните прехранбени производи. Ова е време на одговорност, не е време за профит, заклучи Ковачевски.