Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Нова цена на горивата – Каква одлука ќе донесе РКЕ!?

Утре Регулаторната Комисија стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник.

На светските берзи цените на нафтата повторно паднаа, па сега барел нафта БРЕНТ на лондонската берза се тргува за 83,6 долари, додека WTI круд на американските берзи се тргува за 76 долари.

Изминатата недела горивата постојано поевтинуваа па така дојдовме до најниски цени во последните 6 месеци, а моменталните цени се овие:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)

Можеби ќе ве интересира

Есенската „златна жетва“: вргањ, шумската акција што носи чиста заработка

ДЕСК

Кампањата „Супер добри дела“ на Рудник САСА ги инспирираше децата од Македонска Каменица да станат еко-херои

ДЕСК

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

C +