Под влијание на влажна и студена воздушна маса денес времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови, кога заради заладувањето ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места особено во западните делови.
Утре во утринските часови на места ќе провејува снег, а преку денот облачноста ќе се намали. Поради разведрувањето во вторник минималните температури ќе бидат ниски. Од среда се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.
Прогноза за 29.11.2022
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 4°C до 11°C
Променливо облачно, со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 30.11.2022
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 6°C до 11°C
Променливо облачно со утринска магла по котлините, а попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд, на планините снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Прогноза за 01.12.2022
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, на планините снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец.