25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Лекарите препорачуваат: Секој ден треба да миете само три дела од телото

Повеќето луѓе се тушираат во просек еднаш дневно, а во летните месеци уште почесто. Сепак, дали е здраво? Да ги прашаме докторите, не баш.

Имено, докторката и професорка по дерматологија Сенди Скотнички предупреди дека пречестото чистење на телото од глава до пети со сапун и вода може да доведе до разни кожни проблеми како сушење, егзема и други кожни болести. Наместо тоа, таа вели дека е доволно да се фокусирате само на одредени делови од телото – пазувите, препоните и стапалата.

Со неа се согласува и д-р Робин Чуткан, кој објаснува дека ако го измиете целото тело со сапун, можете да ги уништите корисните бактерии кои му помагаат на вашето тело да ги разликува добрите од лошите бактерии.

„Факт е дека на нашиот организам му требаат одредени бактерии и доколку ги отстраниме со постојано чистење на кожата, губиме заштита и затоа сме поподложни на надворешни влијанија кои можат да бидат многу штетни. Она што е важно е да ги миете препоните, пазувите и стапалата секој ден, додека остатокот од телото треба малку да се мие со вода, дури и ако претходно сте вежбале“, тврди Чуткан.

Една студија од 2018 година, чии резултати беа објавени во списанието Сајанс адванцес, дури покажа дека одреден вид на бактерии што живее на кожата на испитаниците е поврзан со помал ризик од рак на кожата во споредба со оние луѓе кои ја немаат бактеријата .