За да им помогнеме на граѓаните и на компаниите, обезбедивме фиксна цена и на струјата за фирмите производители на основните прехранбени продукти, порача вечерва од Кочани претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
Претседателот Ковачевски истакна дека мерките кои ги презема Владата предводена од СДСМ, кои се насочени постојано да го подобруваат живот на граѓаните и да зголемуваат нивниот животен стандард посебно во услови на криза вродуваат со плод.
– Цените на храната почнаа да паѓаат, се намали цената на лебот, очекуваме да се намалат цените на брашното, месото, млекото, и другите основни производи за 10 отсто во многу брзо време, додаде Ковачевски пред граѓаните.