23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Со Ковачевски земјава стана лидер во енергетска трансформација, можеме да бидеме енергетски зелен центар на Европа

Соопштение на СДСМ:

Енергетската транзиција на државата е во полн ек.

Во изминатите 10 месеци, само за овој краток период од мандатот на Димитар Ковачевски инсталирани се 27 мегавати фотонапонски централи во земјава. Тоа се 11 мегавати повеќе од она што беше направено од ВМРО-ДПМНЕ за вкупно за 11 години.

Се реализираше инвестиција во фотонапонската електрана од 10 мегавати, во „Осломеј“. Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа со капацитет од 17 МW, изградена од страна на компанијата од Словенија („Ген-И“).

Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани кои се веќе во постапка.

Од нашето македонско сонце да ја создадеме Северна Македонија како иден зелен енергетски центар на Европа.

Со Ковачевски земјава стана лидер во енергетска трансформација, можеме да бидеме енергетски зелен центар на Европа