10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Ковачевски ја посети црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга, еден од најстарите христијански верски објекти во градот

Денешната посета на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга, еден од најстарите христијански верски објекти во градот, кој датира од средината на 13 век, беше огромна чест за мене, напиша премиерот Димитар Ковачевски.

Оваа црква е едно од најстарите духовни светилишта на Балканот и во Европа, со специфична архитектура, импресивен резбан иконостас изработен во духот на најубавите дела на мијачката копаничарска традиција, дом на една од најубавите и најстарите икони во светот „Св. Ѓорѓи“ заштитникот на Струга, центар на општествениот и верски живот на стружани.

Ние сме богата земја на многу начини, исклучително е важно да се негува традицијата и културното наследство кое го имаме, напиша премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +

Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе го намали притисокот врз Вардариште и Дрисла

C +