26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Владата ги средува клучните проекти на Град Скопје: Универзална сала, тунелите кај Лимак, парно греењето во Скопје – Дали на ред е БРТ системот?

Наместо проблемите да ги решава Градот Скопје, Владата и овој пат ги спасува скопјани.

Проектот за реконструкција на Универзална сала во целост ќе го превземе Министерството за култура, најавија од таму, а дека се разговарало за вакво нешто потврда стигна и од градот Скопје.

Универзална сала требаше да почне да се реконструира уште минатата недела, но целата постапка беше стопирана по смената на локалната власт и победата на градоначалничката Данела Арсовска која извојува победа со слоганот “За модерно Скопје”.

Новиот министер за локална самоуправа пак најави дека Владата ќе му помогне на Град Скопје и за подземниот булевар кој треба да помине под објектот Лимак.

Град Скопје има обврска да го реализира овој проект.

„Со Арсовска разговаравме и за други проекти кои се реализираат и кои се од интерес за скопјани како што се подземниот премин кај „Рамстор“ кој излегува кај „Нова Македонија“, мостот во Карпош на улица Љубљанска кон Момин Поток, како и мостот во Аеродром кој стои заради имотно-правни односи, а кои заради значење за скопјани Владата е заинтересирана побрзо да профункционираат. За овие проекти се договоривме да соработуваме со Арсовска, изјави Пенов.

Покрај ова на почетокот на годината, иако обврска на Градот Скопје да им најде начин за греење на скопјани, тоа го превзеде владата и со буџетски пари го спаси градот од смрзнување, со помош на субвенции Владата помогна граѓаните да плаќаат слични сметки како и претходно и покрај драстичното поскапување на гасот.

Дали Арсовска ќе се вразуми и ќе го прифати револуционерниот проект за БРТ систем?

Очигледно бесплатен превоз нема, а годинава поради неисплатени плати во Јавното Комунално Претпријатие за прв пат градот Скопје остана и без автобуски превоз

Од државниот буџет се плаќаат 350.000 евра годишно камата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) затоа што градоначалничката Данела Арсовска не ги користи парите од кредитот во висина од 70 милиони евра за воведување Бас рапид транзит систем (БРТ) односно не го гради автобуското метро во Скопје.

Парите се недопрени токму поради ова државава плаќа камата.

Арсовска од доаѓањето на функција пред една година рече дека нема да го прави автобуското метро и покрај одобрениот проект уште во мандатот на Петре Шилегов.

Таа порача дека дека тоа било проект на нејзиниот претходник Петре Шилегов, а граѓаните ја избрале нејзе и нејзиниот проект за 250 еколошки автобуси.

Сепак парите не можат ниту да се пренаменат и да се користат за друг проект, затоа што во договорот со ЕБОР стои дека тие се одобрени токму затоа што БРТ е високо оценет од европските експерти како зелен проект кој ќе овозможи еколошки и побрз транспорт во градот. Па останува да видиме дали можеби Арсовска и нејзиниот советнички тим ќе се вразумат и ќе го продолжат овој проект.