Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Собранието едногласно го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета со кој се гарантира слободата на изразување

Собранието едногласно го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета со кој се гарантира слободата на изразување.

Ова е еден од најлибералните закони во Европа чиј клучен аспект е драстичното намалување на висината на казните на медимските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета.

Законот предвидува пред поднесување на тужба за надоместување на штетата да се бара извинување и јавно повлекување на изјавата или содржината за физичкото или правното лице на кое му е причинета штета со навреда или клевета и да презема мерки за ублажување на штетните последици, како и право на реагирање демант, одговор и исправка.

Министерството за правда и во наредниот период ќе се фокусира на подобрување на состојбите во оваа сфера со цел да се овозможи независно, професионално и достоинствено извршување на новинарската професија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шемата на неговиот директор Стоилев?

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Битола – едно лице итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК

Нов грабеж среде бел ден во Аеродром – 50 годишна жена остана без чантата во која имало пари, документи, мобилен телефон…

ДЕСК