23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Белград: Ни престои тешка зима, но со солидарност и поддршка ќе ја надминеме кризата

„Ни претстои тешка зима на сите нас, на целиот регион и на цел Европски континенет. Но убеден сум дека со солидарнот и меѓусебна поддршка. Со помагање на едни со други, ние земјите од Западен Балкан ќе обезбедиме стабилна енергетска состојба, доволно храна и суровини и ќе ја надминеме оваа криза како што ја надминавме короната, помагајќи си меѓусебно“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан.

Тој додаде дека оваа криза ни предочи дека заедно сме посилни и дека кога има за едните, има и за другите.

„Иднината на нашите земји е во добрососедството, соработката и солидарноста, секако како составен дел од Европското семјество“ рече Ковачевски.

Премиерот рече дека оваа енергетска криза може да се искористи за да се претворат државите од Западен Балкан во центар на зелена енергија што ќе го снабдуваат со струја регионот, но и пошироко.

„Ова е одлична можност да се искористат ресурсите од зелена енергија со кои располагаме ние земјите од Балканот, но истовремено и одлична можност целиот регион да се развива како нова енергетска сила“ рече Ковачевски.