14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Петровска до Ковачки: Постојано ги компромитирате истрагите за ситни политички поени

Како министерка ветив на почетокот на мојот мандат дека нема да се толерира корупција во моето Министерство, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата „Само вистина“ во ТВ сочувањето со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Ковачки обвини дека се дава мито за испраќање војници во мисија во странство.

-Обвинувањата за корупција не треба да бидат премолчени или одговорени преку соопштение, затоа сум тука на дуел. Мене лично ме загрижува причината зошто секогаш кога има истрага во тек, опозицијата и пратеникот Ковачки, невнимавајќи соопштуваат некои податоци во јавноста со обид да биде компромитирана или загрозена истрагата, рече Петровска.

Споерд Петровска, долго време е присутна таа шпекулација дека за испраќање во мисија се случува корупција.

-Такви сознанија стигнаа и до мене и се братив до службите во Министерството, тоа го направив во месец март или април. Не сакав да го уништам кредибилитетот на Министерството, но и мојот, бидејќи тие решенија за испраќање во мисија ги потпишувам јас. Не тврдам дали има корупција или не, тоа е работа на истражните органи. Истрага има и таа е во тек. Без разлика дали тоа е дознаено преку формални или неформали канали, јас како министерка тоа го пријавив.Дали Ковачеки ги користи своите линкови преку поранешни колеги во Министерството и свесно ги соопштува во јавноста за добивање ситни политички поени е главното прашање, кажа министерката Петровска.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.