ВМРО-ДПМНЕ е идеолошки обезличена партија, Мицкоски е слаб, без став, без визија, а човек без став лесно може да биде земен во заложништво и тоа денеска се случува. Левица го зема во заложништво Христијан Мицкоски и самата партија ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Гостивар.
-Па гледајте какво јавно признание има од Мицкоски кој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на Ванчо Михајлов. Замислете, континуитет на луѓе кои што биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираат македонскиот идентитет, идеолошки поклоник на фашизмот. Затоа расте рејтингот на Левица а опаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ковачевски.
Апасиев е политички пироман кој може да го загрои правецот на државата, со Мицкоски како негов заложник додаде Ковачевски.
-На таков политички пироман, не смее да му се дозволи да го прекине европскиот пат на државата и тоа јас и сите вие овде нема да го дозволиме. Државата ќе продолжи по патот на интеграциите се до полноправно членство во ЕУ, затоа што тоа е гаранцијата за стабилна и сигурна иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на трибина во Гостивар.