Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тешко повреден малолетник кој управувал мопед на патот Охрид – Кичево

На 12.11.2022 во 20.20 часот на магистрален пат А2 Охрид-Кичево, во населба Горица, кај бензинска пумпа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(39) од с.Другово, кичевско, и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 16 годишен малолетник од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, кој бил пренесен во Медицински центар-Кичево за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кичево.

фотографијата е илустративна

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Објавена најновата четиридневна прогноза

ДЕСК

ДУИ: ЕУ извештајот за 2025 најкритички документ во последните години и потврдува изразен регрес на земјата во процесот на европска интеграција

ДЕСК

Радовишанка обвинета лажно пријавување бомба во основно училиште

ДЕСК