5. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Повторно дојави за бомби во неколку скопски училишта

Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на четири училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.