Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со естонскиот претседател Алар Карис

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во рамки на учеството на 5. издание на Парискиот мировен форум, оствари средба со претседателот на Република Естонија, Алар Карис.

На средбата беа потврдени пријателството и соработката помеѓу Северна Македонија и Естонија и беше нагласено дека постои добро ниво на политички дијалог меѓу двете држави. Претседателот Пендаровски, посочувајќи дека Естонија е наш долгогодишен партнер во ОН, ЕУ, НАТО и ОБСЕ, истакна дека Северна Македонија високо ја цени естонската силна и гласна поддршка за македонската европска интеграција, како и соработката на меѓународните форуми.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од досегашната соработка во областа на дигитализацијата и го изрази нашиот интерес да го имплементираме естонското искуство во оваа област.

На средбата се разговараше и за геополитичката ситуација, во контекст на војната во Украина, со осврт на состојбите и безбедносните импликации врз балтичките и балканските држави, при што двајцата претседатели ја поздравија одличната соработка во рамки на НАТО.

Претседателот Пендаровски престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на 5. издание на Парискиот мировен форум.

Можеби ќе ве интересира

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

ДЕСК