27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Арсовска до Славески: Господине Хитлер не ви доликува да правите циркус, вие сте ситен лопов

Тензии во советот на град Скопје. Откако не беше вратена опремата со која претседателот на Советот Трајко Славески може да го спроведува редот во салата и да дава и одзема збор, беше тргнат микрофонот од главната говорница и советниците започнаа да поставуваат прашања од своите места.

Откако координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата, Љубица Јанчева постави три прашања до градоначалничката Данела Арсовска, Арсовска излезе и се обиде без микрофон да одговори, игнорирајќи го предлогот на Славески да седне некаде каде има микрофон. Изреволтиран, претседателот на Советот даде 15 минути пауза.

Но, ниту по паузата не се смени атмосферата. Арсовска излезе повторно да одговара од говорницата, пришто вработен од градските служби и прикачи микрофон на палтото. Славески повторно ја прекина седницата, овој пат поради неовластено поставување микрофони.

Господине Хитлер не сметам дека ви доликува да го правите овој циркус овде. Навистина е недолично ова што го правите. Прво го кршите уставот, второ сте ситен лопов и сте човек којшто краде и не е во ред ова што го правите! Крадете. Тој микрофон е сопственост на Град Скопје и на службите овде – рече Арсовска и ја напушти говорницата.

Потоа Славески ја прекина седницата, со образложение дека поради недолично однесување на градоначалничката нема можности за одржување на седницата и ја презакажа за 14 ноември.