Соопштение на СДСМ:
Политиките на СДСМ во секој сегмент даваат резултат и тоа се потврдува и со извештаи и ранг листи на светки реномирани организации.
Со политиките на СДСМ во делот на безбедноста и чувањето на редот и мирот, денес живееме во најбезбедната држава во Западен Балкан.
Тоа е потврдено со најновата ранг листа на Глобалниот индекс на мир каде нашата држава е на 36тото место и бележи скок од четири позиции споредено со минатата година.
Споредено со 2017, годината кога СДСМ ја презема власта Северна Македонија за само пет години успеала да се искачи за 97 позиции, за денес да биде меѓу 36те најбезбедни земји во светот.
Ова е резултат на вложувањата во полицијата што резултираше со зголемен процент на отркивачка дејсност, намален број на строени кривични дела, како и зголемен број на расчистени случаи.
Со СДСМ државата е безбедна, поставена на европскиот пат што носи сигурна иднина.