Невообичаено раздвижено е на политичката сцена во Македонија оваа есен.
Веќе десеттина денови, СДСМ органзиира караван трибини каде пред членството и граѓаните лидерот Димитар Ковачевски и други партиски функционери даваат отчет за сработеното и најавуваат кои се следните чекори на партијата.
Она што изненадува е масовната посетеност на овие трибини имајќи го предвид студеното време, но и тешкиот изборен пораз што оваа партија го доживеа пред само една година на локалните избори, што покажува дека партијата во меѓувреме успеала да застане на нозе и да се консолидира.
Во овој период засилена активност има и во ВМРО-ДПМНЕ. Партијата освен што организира неколку прес конференции дневно, викендов прави масовен настан наречен Саем на промените што носат иднина, каде градоначалниците од оваа партија даваат отчет за сработеното и најавуваат нови проекти.
За разлика од СДСМ која оди по градовите и се среќава со граѓните, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се затвроија во хотел, каде освен новинарски екипи речиси и да нема присутни кои не се партиски функционери.
Овој активен викенд на двете најголеми политички партии се случува пред лидерската средба што треба да се случи утре, а на која барем според досега најавеното, ќе присуствуваат сите освен политичката партија Левица, чиј лидер објави дека нема да присуствува.
Очигледно дека Левица со своето дејствување ќе продолжи само на социјалните мрежи.
Извор 24инфо.мк