Снегот го побели врвот на Пелистер, Антена на надморска височина од 2601м. Ова се први снежни врнежи оваа есен.
Во ноќта снег вееше и на Попова Шапка, но и на други високи планини во Македонија.
Во југозападна Македонија денеска обилно врне дожд и се очекува врнежите да продолжат во текот на денешниот ден.
Денес времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2).
Од утре следува стабилно време со утринска магла по одделни котлини.
Снег падна во Австрија, Словенија и Хрватска, а се очекува и во Македонија