Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен крадец во Штип

Полициски службеници од Одделението за крим полиција и Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија четири кривични дела „тешка кражба“, извршени во периодот од 12.10. до 26.10.2022 од маркети и подруми во станбена зграда на подрачјето на Штип. Поради сомнение дека ги извршил делата, од слобода бил лишен А.М.(39) од Штип.

Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела. Дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: За 15 месеци власта изгуби околу 30% од своите гласови

ДЕСК

Му барал 3.000 евра на градоначалник – сега е обвинет за изнуда

ДЕСК

Филипче ќе оддржи важна прес конференција во 11 часот

ДЕСК