17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Собранието усвои повеќе закони на продолженијата на четири пленарни седници

Собранието на Република Северна Македонија вчера усвои повеќе закони во рамки на продолженија на 73., 79., 82. И 88 седница.
На 79. седница, пратениците го усвоија Предлогот на закон за заштита на потрошувачите, по скратена постапка. Законот е донесен со 61 глас „за“ и без гласови „против“ или „воздржано. За Законот за заштита на потрошувачите гласаа и 31 пратеник според Бадентеровиот принцип.
На продолжението на 79 седница, е усвоен и Предлог на закон за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, предложен од група пратеници. За Законот, чии предлагачи се пратениците Арбен Зибери, Белкиса Зеќири, Бети Рабаџиевска Наумовска, Емилија Рамбабова, Жаклина Лазаревска, Маја Морачанин, Ненад Коциќ, Соња Михаиловска, исто така, гласаа 61 пратеник.

Повеќе детали за 79 седница на следниот линк: https://www.sobranie.mk/detali-na-sednica.nspx?sittingId=f94371a6-3797-4899-89bb-6792b21127f1
Во рамки на 88.пленарна седница, Собранието, на денешното продолжение, ги усвои Предлогот на одлуката за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември”. За оваа Одлука гласаа 59 пратеници, без гласови „против“ и „воздржан“. Новите членови во Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември” ги предложи Комисијата за избори и именувања.

Од дневниот ред на 88.седница усвоени се уште десетина закони:
– Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за соработка во областа на дијаспората, со 84 гласа „за“;
– Предлог – закон за изменување на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување (60 гласа „за“);
– Предлог – закон за изменување на Законот за јавно здравје (82 гласа „за“);
– Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на козметичките производи – второ читање (60 гласа „за“);
– Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на козметички производи-второ читање (60 гласа „за“);
– Предлог – закон за изменување на Законот за хемикалии (60 гласа „за“);
– Предлог на закон за дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја (85 гласа „за“);
– Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка (82 гласа „за“ и 30 според Бадентеров принцип);
– Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност, по скратена постапка (61 глас „за“);
– Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика (*), по скратена постапка (61 глас „за“);
– Предлог на закон за дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, по скратена постапка (60 гласа „за“);
– Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за социјалната заштита, по скратена постапка, предложен од група пратеници (77 гласа „за“);

– Предлог на закон за изменување на законот за заштита на децата, по скратена постапка (83 гласа „за“ и 32 според Бадентеровиот принцип)
Повеќе детали за 88 седница на следниот линк: https://www.sobranie.mk/detali-na-sednica.nspx?sittingId=e14845ca-2259-4a55-9310-d2a2c207ca53
Во рамки на 82. Седница, Собранието вчера го усвои Предлогот на закон за изменување на Законот за судска служба, по скратена постапка, за кој гласаа 92 пратеници, без гласови „за“ и „воздржан“. Предлогот на закон за изменување на Законот за јавнообвинителска служба, по скратена постапка2, пак беше донесен со 94 гласа „за“. Предлогот на закон за изменување на Законот за извршување на санкциите, скратена постапка доби поддршка од 93 пратеници.
Повеќе детали за 82 седница на следниот линк: https://www.sobranie.mk/detali-na-sednica.nspx?sittingId=b7c3aec0-f328-4922-ba46-3cf630a409c8
Собранието го донесе и Предлогот на закон за ратификација на изменувањето и дополнувањето на Анекс 4 на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006), утврдувајќи го Протоколот кој се однесува на дефиниција на поимот „производи со потекло“ и методите на административна соработка наведени во член 14 ставови 1 и 3 согласно Одлуката на Мешовитиот комитет на Централноевропскиот договор за слободна трговија бр.1/2021 усвоена на 21 јуни 2021 година за укинување и замена на Одлука бр.3/2013 и Одлука 3/2015 на Мешовитиот комитет на Централноевропскиот договор за слободна трговија. Законот е изгласан со 65 гласа „за“, на продолжението на 73 седница.
Повеќе детали за овој Закон на следниот линк: https://www.sobranie.mk/detali-na-materijal.nspx?param=cb6c6543-ce23-428e-b251-f5b5d483377a