Денес по пријава на Центарот за управување со кризи на подрачјето помеѓу Македонски Брод и Општина Пласница Одделот за воздухопловни единици на МВР интервенираше со еден хеликоптер од типот Bell 212 при што се исфрлени над 7 тони вода.
Утре изутрина продолжуваме со активности со цел ставање на пожарот под контрола.
Последнава година Министерството за внатрешни работи заедно со Одделот за воздухопловни единици, за потребите на Хеликоптерската единица за полициски намени, која во рамки на МВР постои од 1969 година и е опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“, ги препозна потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот.
За да се овозможи успешно користење на опремата беше спроведена меѓународна обука од словенечката полиција, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари. Обуката успешно ја завршија сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени.
Овој пример е уште еден доказ дека МВР е сервис на граѓаните и тоа е веќе имплементиран начин на работа во сите сегменти на полициското работење, а заштитата и безбедноста на граѓаните е наш приоритет, велат од МВР.