“Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на вчерашната завршна церемонија на Филмскиот фестивал на словенски филм во Порторож, Словенија освои три награди. Во категоријата за најдобра копродукција ја освои главната награда ВЕСНА за најдобар филм. Во националната категорија за најдобар Словенски филм со исклучок од страна на жирито “Најсреќниот човек на светот“ доби две награди: Наградата ВЕСНА за најдобар костим Словенската костимографка и долгогодишен соботник на Теона, Моника Лорбер и Наградата ВЕСНА за најдобра шминка Мојца Горогранц Петрушевска. Она што е невообичаено е дека овие две награди најчесто се доделуваат на словенски автори за Словенски филмови, а не на малцински копродукции како што е случајот со “Најсреќниот човек на светот“. Жирито било толку одушевено од работата на авторките што одлучило да ја награди нивната работа во “Најсреќниот човек на светот“.
Во петокот филмот имаше премиера на Филмскиот Фестивал во Загреб каде публиката со воодушевување коментираше, „најдобар филм за Босанската војна направен од Македонски автор“.
Сестри и Брат Митевски Продукција со големо задоволство објавува дека Македонската копродукција Празник на Трудот на Пјер Жалица ја освои главната награда Гранд При на само што завршениот филмски Филмскиот Фестивал во Варшава.
Македонскиот национален претставник за Оскар “Најсреќниот човек на светот“ игра на редовниот репертоар на Кино Милениум.