Инстаграм повторно има проблеми со својата работа, а многу корисници известуваат дека нивните сметки на овој сервис се суспендирани.
Според извештаите од веб-страницата DownDetector, проблемите настанале нешто по 14 часот по наше време и наводно ги погодуваат корисниците на Инстаграм ширум светот.
Засега не е позната причината за падот на социјалната мрежа, а некои корисници известуваат дека нивните онлајн сметки се суспендирани.
Centar.mk изврши проверка на апликацијата Инстаграм и таа функционираше.