„Работиме и градиме проекти што ја прават Крива Паланка поубава и европска општина каква што граѓаните заслужуваат. Сите проекти се резултат на тимска работа, соработка и поддршка од централната власт“ изјави градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски на граѓанската трибина на СДСМ.
Тој додаде дека Крива Паланка доби нов, модерен градски плоштад, парк и уреден кеј и дека за само една градежна сезона асфалтирани се преку десет значајни патни правци.
„Надградена е детската градинка ‘Детелинка’, каде што е зголемен капацитетот за 100 деца, а после 40 години обновен е и Домот на култура. Заедно и неуморно ја градиме Крива Паланка по урнекот на европските градови“ изјави Митовски.
Градоначалникот додаде дека за него е привилегија што во изминатите 365 дена имал можност да ја води Крива Палнка и дека неговата цел не е да владее, туку да служи на народот.