Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

МОН со заштеда на електрична енергија од 35%, апелира препораките на Владата да ги почитуваат сите образовни установи

Министерството за образование и наука постигна заштеда на електрична енергија од 35% во месец септември 2022 година, споредбено со истиот месец минатата годна. Овој септември, според доставената фактура од добавувачот на електрична енергија, МОН потрошило 29 илјади и 700 kwh, додека во септември 2021 година се потрошени речиси 46 илјади kwh.

Податоците потврдуваат дека вработените во МОН целосно ги почитуваат и применуваат препораките на Владата за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија во периодот од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година. Одговорното однесување со кое се заштедува електрична енергија и притоа не се нарушува сервисната функција на институцијата кон граѓаните, ќе продолжи и во следниот период, затоа што тоа е единствениот начин да се придонесе кон напорите на државата за полесно надминување глобалната економска и енергетска криза.

МОН апелира, владините препораки за рационално користење на електричната енергија доследно да ги почитуваат и сите други образовни институции и установи, а особено училиштата и факултетите кои треба да обезбедат континуитет на наставата во форма во каква и започна новата учебна, односно академска година – со физичко присуство на учениците и студентите.

Штедењето на електричната енергија е еден од факторите кој особен во овие вонредни околности на функционирање влијаат на одржливоста на наставата во училниците, предавалните и амфитеатрите, а од друга страна се подигнува стабилноста на енергетскиот систем и се обезбедува доволно електрична енергија за потребите на домаќинствата. Доаѓаат постудени денови и само со одговорно индивидуално и колективно однесување, а тоа значи уште поголеми напори за рационално користење на електричната енергија, ќе можеме да одговориме на предизвиците кои претстојат.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се излизга – Лефков фатен во обид да исфабрикува скандал со лажна фотографија

ДЕСК

Во Детска клиника донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот

ДЕСК

Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гаснење на шумските пожари во Македонија

C +