13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

170 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за непрописно престигнување и обиколување.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет мерки за возење под дејство на алкохол…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +