Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски:
Денес го потпишавме Договор за Фронтекс на македонски јазик, без додавки, ѕвездички и фусноти. Македонскиот јазик и идентитет се зачувани и втемелени во европското законодавство. Тоа е ветувањето кое јас го дадов и тоа е ветувањето кое го исполнив.
Овој чин е круна на заложбите за зачувување и промовирање на македонскиот јазик на нашиот европски пат и го издигнува на врвно рамниште статусот на македонскиот јазик при службената употреба со европските институции.
Ја заокружуваме заложбата на нашите претходници за еманципација на македонскиот јазик, македонската култура и идентитет на европско рамниште.