Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе одлука за поевтинување на горивата, која почна да важи од денеска.
Со новата одлука Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 денар по литар, па така сега ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 88,00 денари/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 90,50 денари од литар.
Со новата одлука значително поевтинува и дизелот, па така малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2,50 денари по литар,па сега изнесува 100,50 денари од литар.