24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: За хаосот во Скопје вината е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски

Соопштение на СДСМ:

На Град Скопје му се случува хаос. Скопје за за прв пат остана без јавен превоз, јавните претпријатија не функционираат, нема проекти, ни инвестиции, нема развој.

Вината за хаосот во Скопје и во јавните претпријатија под надлежност на градот целосно е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.

Залудно се обидуваат да побегнат од одговорноста. ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот на Град Скопје, а тоа ги именува членовите на Управните одбори во Јавните претпријатија, кои се највисок орган на управување. Тие сите до еден се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја изневерија довербата на граѓаните на Скопје.

Скопјани не заслужуваат власт која со рацете во медот, јавно се кара за тендери, влијанија и провизии.