24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мицкоски се испишмани – подготвен да разговара за промена на Уставот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно со радиклна промена на неговите ставови за само три месеци. Од најавена оставка доколку и еден пратеник од неговата коалиција гласа за уставните измени, до подготвеност за поддршка на измените со гаранции од ЕУ дека нема да има нови вета.

Пред само три месеци, Мицкоски се обидуваше да го извади неговото гласачко тело на улица и да предизвика нестабилност на политичката сцена со радикални ставови во врска со уставните измени кои земјава ги има како обврска пред Европската Унија.

Тој ги натера неговите пратеници да потпишат изјави на нотар дека нема да гласаат за уставните измени и дури најави и негово повлекување од политиката доколку барем еден пратеник од неговата партија гласа за внесувањето на други народи во Преамбулата на Уставот.

Сепак, денес, по целиот креиран хаос, тој го менува ставот и кажа дека условот за ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени се јасни гаранции од Брисел и ЕУ дека земјава ќе влезе во ЕУ без ново бугарско вето.

Ваквите лаги и превртливи ставови на Мицкоски, сепак не беа без последици. За време на протестите организирани во периодот кога земјава ги отвораше преговорите со ЕУ беа повредени полицајци, приведени и казнувани млади луѓе, а и се креираше уште поголема поделба во општеството.