13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Утрово камен-ладно, а од утре пресврт: За празничниот продолжен викенд температури до 28 степени – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови!

Денеска изутрина температурата на повеќе места ќе се спушти околу, а на места и под нулата.

Претежно сончево, претпладне со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во сабота претпладне магла и ниска облачност се очекува на повеќе места. Од недела времето ќе биде значително потопло.

Прогноза за 22.10.2022
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 23.10.2022
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 22°C до 28°C
Претежно сончево и релативно топло, наутро со слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 24.10.2022
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 21°C до 27°C
Претежно сончево и релативно топло со слаб променлив ветер, наутро со услови за слаба магла по одделни котлини.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Со Горанчо Крстев, Чешиново Облешево повторно ќе биде посакувано место за живеење

ДЕСК

Мицкоски: Филипче зборува дека инфлацијата е висока, а до пред година и пол во време на СДСМ рушеше рекорди во Европа со над 20%

ДЕСК

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.