26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Со РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и штедење ќе имаме струја цела зима

„Сите капацитети на државата за производство на струја ги користиме, но за жал ние имаме производствени капацитети стари и по 40 години. Во РЕК Битола најновиот блок е стар 42 години и ако немате редовно и добро одржување тогаш тој систем нема да може да испорача електрична енергија. ТЕЦ Неготино го вклучивме минатата година, таму имало пред 12 години последна интервенција и потоа 12 години ТЕЦ Неготино не работел. Инаку, последните три недели работат двата котли таму и повремено ќе прекинат за да се санираат некои проблеми, но повторно ќе бидат вклучени двата котли. Во РЕК Битола работат двата блока, а од ноември очекуваме и третиот блок да стартува. И согласно сите мерки за штедење во јавниот сектор, но и кај домаќинствата, очекувано е да имаме доволно струја. Ние отсекогаш сме знаеле дека сме зависни од увоз на струја, но при тоа никогаш не се инвестирало во нови капацитети.Очекувам дека конечно ќе имаме успешен тендер за Чебрен и дека и таму ќе започне да се произведува електрична енергија.“- изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања на телевизија 21.