Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Јанчева: Арсовска има најголема одговорнсот за ЈСП, таа предложи буџет без пари за плати

„Одговорност за ситуацијата со ЈСП треба да има пред се кај градоначалничката. Таа го предлага буџетот до советниците и не смее да се амнестира некој кој во буџетот не предвидел пари барем за плати“ изјави советничката во Град Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека тоа што претпријатието генерира загуби е за разгледување исто така, но да се изгласа и реализира буџет во кој нема предвидено плати за вработените е нон-сенс и повод за оставка.

„Управниот и надзорниот одбор имаат исто така одговорност и треба колективно да си поднесат оставка. Надзорниот одбор го следи финансиското работење на институцијата“ рече Јанчева.

Советинчката потсети дека по стапувањето на функција, градоначалничката Арсовска се сретнала со синдикатите од ЈСП и им ветила редовна и правична распределба на платите, нешто што не се случува.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК

ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ ВО ЦЕНТАР: Напад со тврди предмети, едно лице пренесено на клиника

ДЕСК