2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

75 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед

Во текот на вчерашниот ден (19.10.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

При контролата 75 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 34 и тоа: 13 поради техничка неисправност на уредот за запирање, девет за неисправни системи и опрема, четири за претовар, едно возило било со неисправен уред за управување… Во однос на возачите: 18 возачи бесправно управувале со возило, двајца возачи управувале возило за време на впишана прекршочна санкција “забрана за управување”… При контролата санкционирани се и 94 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +