23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Цените на пелетите го надминаа плафонот од 500 денари, на што ќе се грееме зимава?

Голем број на граѓани годинава ги менуваат своите печки на пелети со инвертер клими или шпориња на дрва, поради рапидниот раст на цената на пелетите кои се движат од 450 до 550 денари за вреќа од 15 килограми, пишува Biznispro.com – порталот специјализиран за економија и бизнис.

Граѓаните на социјалните мрежи се жалат и дека овие пелети го немаат истиот квалитет како минатите години.

Силниот скок на пелети започна уште лани, кога цената од 160-180 денари се зголеми на околу 280-300 денари, а годинава зајакната со кампањата дека е криза и дека има војна во Украина, цените стигнаа над 500 денари.

Огласниците се преполни со огласи – Продавам печка на пелети
Десетици огласи на популарните сајтови за огласување поврзани со продажба на печки на пелети, можат да се забележат од страна на граѓаните.

Цените на печките за пелети драстично паѓаат, како да немаат никаква вредност.

Расте и продажбата и цената на инвертер клими – продавниците за бела техника тријат раце
Граѓаните се помасовно купуваат инвертер клими од 3,5, 5,5 или 7,5 киловати, а со тоа пораснаа и цените.

Па така бевме сведоци како клима уред кој пред две години чинеше 24.000 денари од 3,5 киловати, денес се продава за 31.000 денари.

Неофицијално за 20 проценти е зголемена продажбата на клима уредите во познатите компании за бела техника, а растот на цените е за над 15 проценти.

Босна го забрани извозот на пелети
Државните власти на Босна и Херцеговина и двата тамошни ентитети најавија продолжување на забраната за извоз на дрвени асортимани, тркалезно дрво и пелети до крајот на март 2023 година, со цел да се ограничи неговата цена и да им се помогне на граѓаните и економијата.

Босна е еден од поголемите извозници на пелети во регионот.