10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Во 6-те клучни кластери Македонија нема напредок

Извештајот на Европската комисија покажува дека Владата не е фокусирана на реформи, туку на криминал и корупција. Впрочем, извештајот покажува дека во 35 поглавја не само што нема напредок туку нотирано е назадување, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Европската комисија забележува за нејасни економски мерки и потези, суштински реформи во администрацијата, потреба од зајакнување на капацитетот за парламентарен надзор над разузнавачките служби, злоупотребата на европското знаменце и ограничувањето на т.н. институт за пратенички прашања во Собранието, истите препораки за борба против корупција

Владата дури не ги зела предвид ниту нотираните забелешки од извештаите од 2020 и 2021 година. Тоа ја покажува целата непосветеност и неодговорност на власта на Ковачевски.

Во 6-те клучни кластери Македонија нема подобра оценка од претходните години во НИТУ ЕДЕН од нив. Ова покажува дека оваа власт, предводена од дезертерот Ковачевски, единствено е ангажирана во креирање картели, местење тендери и делење државни бизниси на свои блиски фирми. На тој начин тие лично се богатат, а перспективата на граѓаните ја уништуваат. За доброто на Македонија и на народот, оваа власт треба што побргу да си замине“, додаваат од опозициската партија.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

ДЕСК

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

C +

Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе го намали притисокот врз Вардариште и Дрисла

C +