27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: На неспособната Влада секој ѝ смета, сега граѓаните се виновни за студените радијатори

Граѓаните со оваа власт предводена од дезертерот Ковачевски се наоѓаат пред неизвесна грејна сезона. Едно е извесно, а тоа е дека за својот неуспех власта ќе ја обвинува де опозицијата де граѓаните. Последно е дека граѓаните се виновни за тоа што огромен дел од корисниците на централното парно во Скопје имаат ладни радијатори. На неспособна Влада секој ѝ смета, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Вистината е дека грејната сезона ги изненади пак. Секоја сериозна држава обезбедува ресурси на време, а нашата власт тоа го прави во последен момент со огромна неизвесност како и дали ќе го направи тоа. Функционираат беспрекорно само кога се работи за крадење и местење на тендери. Затоа, Македонија е земја во која компаниите плаќаат најскапа цена за електрична енергија во целиот регион. Ова е една од причините поради која нашата економија има прогноза за најнизок раст во Европа (единствено полош раст од Македонија се очекува да имаат Русија и Украина). Затоа, над 12 илјади компании ставиле клуч на врата за една година, а со неодговорноста на власта во енергетска криза, веројатно, и уште неколку илјади други до крајот на годината.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и државотворна партија подава рака и нуди решенија за енергетската и економската криза во која се наоѓа државата. Тоа се конкретни мерки за економијата и конкретна помош за енергетиката. Владата и Ковачевски треба да се охрабрат и да ги прифатат. Нивната самобендисаност ја донесе Македонија до амбисот. Време е да се вразумат“, порачаа од партијата.