23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ковачевски го предводи концептот за европска иднина, Мицкоски за враќање во изолација

СДСМ предводена од претседателот Димитар Ковачевски е предводник на концептот за европска Македонија наспроти кој стои концептот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело во Христијан Мицкоски, кој ја води државата во изолација и враќање назад во минатото, велат од владејачката партија.

„Европскиот концепт, чиј предводник е СДСМ, значи заштита на македонската посебност и сигурна европска иднина за подобар живот на сите граѓани. Тоа значи заштитен идентитет и македонски јазик, што се потврдува со претстојното потпишување на договорот со Форнтекст, кој ќе биде потпишан на македонски јазик, без фусноти, ѕвездички и објаснувања.

Одговорните и тешки одлуки на институциите предводени од СДСМ обезбедуваат европска иднина. Спротивен концепт заговара опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Концептот на Христијан Мицкоски ја води земјата во изолација и враќање назад во минатото, да седи народот сам, раскаран со светот, со ЕУ.

Со одговорните и државнички политики на СДСМ и Ковачевски државата до 2030 година може да стане полноправна членка на ЕУ. Македонските граѓани заслужуваат гордо и со крената глава да станат дел од европското семејство, да имаат подобар европски животен стандард“, се вели во партиското соопштение.