24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Можна е вакцина против рак до 2030 година

Вакцините против рак би можеле да се направат до 2030 година судејќи според зборовите на коосновачите на германската фармацевтска компанија „Бионтек“, Угур Шахин и Озлема Тиречи, чија работа е позната по создавањето вакцина против Ковид-19 за време на пандемијата заедно со американскиот „Фајзер“.

Германската фирма се надева дека ќе може да развие третмани за рак на дебелото црево, рак на кожата и некои други видови рак, но постојат големи пречки за решение.