23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казнети 196 возачи во Скопје, 49 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 40 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 12 мерки за возач почетник, седум санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење сигурносен појас…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.