Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тренчевска: Нема пријавување за анти-кризните мерки, системот ги има сите податоци

„Во системите на институциите ги има сите податоци за тоа кои граѓани ги остваруваат правата за добивање на антикризни мерки. Така се олеснува и забрзува процедурата“ изјави министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во интервју за Цивил.

Таа додаде дека примателите на правата од социјална заштита се веќе во системот на Министерството за труд и социјална политика, односно во Центрите за соцјиална работа во општините каде што живеат овие лица. Примателите на пензија се водат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, па и тие лица ќе бидат исплатени директно преку фондот.

Во врска со информирањето и исплаќањето на помошта, министерката Тренчевска објасни дека учиме од искуството со мерките од ковид пандемијата, па затоа процедурите се поедноставени.

„Процедурите ги направивме многу едноставни, да нема аплицирање туку секој оној кој што остварува право од социјална заштита кој што е дел од антикризните мерки, да ги добие, нема потреба да аплицира, нема потреба да се јавува во институциите, туку ќе ја добие финансиската поддршка на својата сметка, зависно од тоа во која целна група припаѓа“ изјави Тренчевска.

Таа вели дека имињата на примателите на помош ќе бидат објавени на веб страниците на институциите кои се вклучени во распределбата на помошта.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК