Времето денеска, во утринските часови, наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје наутро со услови за појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пораст на дневната температура, а утринската од понеделник наместа ќе се спушта под нулата.