„Сите заедно во општестовто, тука не мислам само на владејачката коалциија која докажа дека е концепт што сака да ја види Северна Македонија во ЕУ, туку и на сите други, треба да помогнат, прво во борбата со оваа енергетсак и економска криза, преку одблокирање на Собранието и учество во обврските кои како држава ги имаме во однос на што побрзо зачленување во ЕУ“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „360 степени“ на АлсатМ.
Тој кажа дека тука мисли на учество во скрининг процесот, на учество во уставните измени кои ни престојат, но и понатаму учество во менувањето на одредени законски решенија кои нема да бидат едноставни.
„Пристапувањето во ЕУ значи големи реформи кои мора да бидат направено, а тоа ќе го видиме најдобро во ноември идната година, кога ќе дојде извештајот од скринигот“ рече Ковачевски.